понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Не го почитувале полицискиот час: Казни од по 1.000 евра за тројца Кумановци

Не го почитувале полицискиот час: Казни од по 1.000 евра за тројца Кумановци

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за изрекување казни во висина од по 1 000 евра за три лица кои не го почитувале полицискиот час.

– Обвинетите на 29 март не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на населението во деновите од викендот, па за време на полицискиот час биле затекнати надвор од своите домови, информирата од ОЈО.

Надлежните јавни обвинители на Основниот суд Куманово му предложија за секој од обвинетите да изрече парична казна во вкупен износ од 1.000 евра во денарска противвредност.

Сите три лица се товарат за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.