четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Нови „лежечки полицајци” кај ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес

Нови „лежечки полицајци” кај ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес

Општина Велес постави нови средства за смирување на сообраќајот – „лежечки полицајци”, на улица “Андон Шурков” кај ССОУ “Коле Неделковски”.

-Со овие лежачки полицајци многу ќе придонесеме за поголема безбедност на учениците и жителите од комплексот на згради „Узуд“, потенцираат од Општина Велес.

Воедно најавуваат дека согласно потребите и законските можности во наредниот период ќе продолжат со поставување на вакви попречни препреки на повеќе локации во градот и околните села, а со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.