Откако Иван Јорданов новиот градоначалник на општина Штип и директорите на јавните претпријатија целосно се откажуваат од службените возила, сега и новиот градоначалник на општина Карбинци, Виктор Паунов се откажа од привилегиите кој му следуваат во функција.
– Укинување на репрезентациите за функционерите во Општина Карбинци! Службените возила во служба на администрацијата и намалување на трошоците за истите! Само со чесен пристап кон успешна приказна во Карбинци, стои во неговиот Фејсбук статус.