четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Ново детско игралиште во градскиот парк во Кавадарци

Ново детско игралиште во градскиот парк во Кавадарци

Во тек на изградба е детското игралиште во Градски парк Кавадарци, кое е дополнето и со мини фудбалско игралиште, информираа попладнево од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

– Игралиштето се бетонираше, по што се поставува гумена подлога која е во завршна фаза, се монтираа детски реквизити, огради и нова урбана опрема за најмладите. Изведувач е фирмата „Бетон М и М“, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Оттаму додадоа дека истовремено се продолжува со поставување и бојадисување на метални столпчиња на повеќе локации во Општина Кавадарци. Деновиве се поставуваат на улиците ,,Игман”, ,,Браќа Хаџи Тефови” и ,,Цано Поп Ристов”.