недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ОД УТРЕ ЦЕЛОСЕН ШТРАЈК: Во дел од дебарските училишта денеска делумна настава

ОД УТРЕ ЦЕЛОСЕН ШТРАЈК: Во дел од дебарските училишта денеска делумна настава

Во дел од трите основни и средното општинско училиште во Дебар, денеска имаше делумна настава, а од утре како што е најавено ќе има целосен штрајк.

Според директорите на ООУ„ Пенестија“ и „Саит Најдени“ во градот, денеска воопшто немало настава. Учениците дошле на училиште, но за кратко време заминале дома. Сите наставнци шрајкувале, вклучително и оние кои не се членови на СОНК.

– Во нашето училиште насатавата се одвиваше делумно. Во подрачното училиште во село Горно Косоврасти наставата нормално се одвиваше во паралелките од основното, но не и од предметна настава. Во Долно Косоврасти настава имаше во две одделенија, додека во село Могорче воопшто не се одвиваше настава, рече за МИА, Шанија Ајроски директор на ООУ„Ристе Ристески“-Долно Косоврасти.

Директорот на средното општинско училиште-гимназијата „28 ноември“ Рамадан Имери, каде се запшани 608 ученици, за МИА изјави дека настава имало делумно.

– Учениците беа во училниците, но настава имаше само делумно, односно по два часа во паралелките со настава на македонски и еден час во паралелките со настава на албански јазик. Од утре воопшто нема да има настава, рече Имери.

Според Армира Колари, раководител на секторот за образование при општина Дебар, денеска одржана е средба со директорите на училиштата, на која е отсликана состојбата и оти кажано е дека училиштата од утре ќе бидат во целосен штрајк.

Додава дека вработените во градинката „Брешија“ се солидаризирале со штрајкот, но децата кои биле донесени од родителите биле згрижени.