Во Тетово граѓаните ќе можат од утре да донираат облека и други видови производи како помош за подрачјата во Турција и Сирија погодени од силниот земјотрес. Како собирни пунктови ќе бидат градскиот плоштад и спортската сала на Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од 10 до 18 часот.
-Општина Тетово од утре (09.02.2023) до (21.02.2023) започнува со собирање облека и друг вид донација (зимска облека, вода, конзервирана храна, ќебиња, медицински лекови), за помош на турскиот и сирискиот народ. Граѓаните кои сакаат и можат да помогнат, помошта можат да ја достават до собирните пунктови, плоштадот „Илирија“, како и до Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, почнувајќи од 10:00 до 18:00 часот, информираат од Општина Тетово.
Отворена е и жиро-сметка на која граѓаните на Северна Македонија и дијаспората можат да помогнат со финансиски средства. Воедно Општина Тетово ќе одвои еден милион денари помош за подрачјата погодени од земјотрес во Турција и Сирија.