Општинската изборна комисија во Тетово бележи излезност од 4,7 отсто на гласачите, што претставува зголемување ако се споредува со излезноста на минатогодишните претседателски избори. Сите гласачки места се отворени во 7 часот и гласањето се одвива според сите здравствени протоколи без пријавен проблем.
– Сега до 9 часот има излезност од 4,7 отсто што разлика од претседателските избори лани, кога до 10 часот беше 3,7 отсто, што значи за овој период имаме еден процент поголем изленоста. Забележуваме дека голем е бројот на постари лица кои своето право на глас го остваруваат во утринските часови пред зголемување на температурите и пред да се создадат гужви, изјави Артан Адеми, претседател на ОИК Тетово.
Во општина Боговиње до 9 часот има 2,5 отсто излезност, во општина Теарце 3,81 отсто, додека во Јегуновце 4,17 отсто.