сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ОПШТИНА БИТОЛА СО ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Граѓаните кои претрпеле штета од земјотресот да поднесат барање за проценка

ОПШТИНА БИТОЛА СО ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Граѓаните кои претрпеле штета од земјотресот да поднесат барање за проценка

После серијата земјотреси кои ја зафатија Општина Битола на ден 09.01 и 10.01.2022 година, се повикуваат жителите на општината кои претрпеле штета, да поднесат барање за проценка на штета на шалтерите во Општина Битола.

Во прилог на барањето потребно е да се достави: имотен лист/доказ за сопственост, фотографии од оштетениот објект, копија од лична карта и копија од трансакциска сметка.

Врз основа на доставените барања, комисијата од Општина Битола, ќе изврши проценка на штетите на терен, по што ќе биде соодветно постапено.

Барањата можат да се доставуваат од вторник 11.01.2022 до среда 26.01.2022 од 07.30 до 15.30 часот.

Барањето може да се преземе од следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/izvestuvanje-na-opstina-bitola/