вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Општина Дебрца распиша јавен повик за пријавување штети од невремето со град

Општина Дебрца распиша јавен повик за пријавување штети од невремето со град

Општина Дебрца објави јавен повик за пријавување штети на земјоделските производи предизвикани од невремето со град, што на 28 мај ја зафати нејзината територија.

-Граѓаните кои имаат материјални штети на овошните насади предизвикани од атмосферската непогода – град да пријават до Комисијата за процена на штети на општина Дебрца, најдоцна до 15 јуни годинава, информира Општината.

Покрај барање за пријавување штета на земјоделските насади, потребни се копии од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот, трансакциска сметка и доказ за користење на земјиштето за насадите, односно копија од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ, од имотен лист или од договор за закуп.