четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Општина Гевгелија и општина Велес најтранспарентни институции од редот на општини во 2023 година

Општина Гевгелија и општина Велес најтранспарентни институции од редот на општини во 2023 година

Општина Гевгелија за првпат е најтранспарентна општина во Република Македонија според најновата анализа на Центарот на граѓански организации.

Според годишното рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, од вкупно 98 институции, Општина Гевгелија е прогласена за најтранспарентна од редот на општините и трета од редот на сите институции заедно со општина Велес.

Изминатиот период се направени неколку реформи во делот на јавното информирање, нашата цел е секоја информација без исклучок да стигне до секој граѓанин навремено и точна. Со проактивното објавување информации од секаков тип, нашата институција се најде на првото место.

Најдобрите две општини, Гевгелија и Велес имаат активна транспарентност од 99% и го делат третото место на вкупната ранг-листа на сите институции, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот Андон Сарамандов.