петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Темата „родова еднаквост“ ги скара советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во општина Гевгелија

Темата „родова еднаквост“ ги скара советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во општина Гевгелија

На 29-та седница на Совет на Општина Гевгелија на предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше предложена точка на дневен ред, предлог за измена и дополнување за програмата за активностите на општина Гевгелија од областа на еднаквите можности на жените и мажите.

Измената на програмата за за активностите на општина Гевгелија од областа на еднаквите можности на жените и мажите беше акцентот ставен на бришење на терините родова еднаквост и родова рамноправност и предложено беше сите термини кои потекнуваат од поимот ,,род,, да бидат заменети со поимот ,,пол,, а акцентот да се стави на еднаквите можности помеѓу жените и мажите.

Во врска со овој предлог, советничката група на СДСМ, бурно реагираше со цел да биде тргната од дневен ред, откако не успеа, се отвори дискусија по истата. По отварање на дискусијата повторно следуваше бурна реакција на советниците од сдсм со цел да не се дискутира по однос на темата родова еднаквост и причините зошто се предлага да биде изменета програмата.

По кратка пауза со цел да се смират нивните несоодветни реакции, продолжи дискусијата каде дел од советниците на ВМРО-ДПМНЕ дадоа свое објаснување. Во неколку обиди дел од советниците на сдсм се обидоа да дискутираат и реплицираат но нивните дискусии и реплики беа несуштински и бледи обиди да пробаат да релативизираат дека родовата еднаквост не е идеологија која има за цел нешто сосема поинакво од еднаквоста меѓу жените и мажите.