Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри и врз основа на добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на две мерни места во Кавадарци, соопштија од општината.
Во случај на надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (2 два последователни дена, со среднодневни концентрации над 100 µg/m3) како надлежни на локално ниво се препорачува:
- Да се користи јавниот превоз
- Возила да не се користат без поголема потреба
- Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време
- Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал
- Правилно да се користат печките за дрва
Во вакoв случај Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ ги даваат следните
Препораки:
Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.