Советот на општина Неготино денеска одржа седница на која беше донесена одлука за доделување 250.000 денари од буџетот на општина Неготино за настраданите граѓани во земјотресот во Турција и Сирија.
– Како градоначалник на општината Неготино, заедно со советниците, изразуваме длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите граѓани, а на повредените им посакуваме побрзо заздравување. Се надеваме дека обезбедените средства од општина Неготино ќе дадат придонес во санирањето на погодените подрачја од земјотресот, рече градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов.