Околу 2.000 штипјани и фирми се соочуваат со присилна наплата на данокот на имотот кон Општина Штип.
Решенијата се доставени до даночните обврзници, кои не ја подмириле својата обврска за претходната година. Драган Каров вработен во Општина Штип вели дека во самите решенија на даночните обврзници им пишува до кога треба да го платат данокот на имот.
-Решенијата се доставени, има и известување на веб страната на Општина Штип и се доставени до даночните обврзници. Оние коишто нема да си ги подмират даночните обврски од тие решенија ги пуштаме до банките, каде што имаат сметки и општината си ги наплатува средствата, вели Каров.
Посочи дека се задоволни од тековната наплата на данокот за имот и во моментов наплатата од домаќинствата изнесува 50%, а на фирмите 55%. Овие средствата кои ги плаќаат граѓаните на име на данок на имот се инвестираат во изградба на нови тротоари, асфалтирање на улици, реконструкција на водоводна и канализациона мреа. Како и во нови спортски игралишта, детски катчиња и паркови.