По повод одбележувањето на денот на ослободувањето на град Штип 8-ми Ноември, на свечената седница на Советот на Општина Штип, беше доделено највисокото општинско одличје, Наградата 8-ми Ноември на математичкиот гениј 14-годишниот Дамјан Давков.
Дамјан со своето знаење, наградите кои ги собира на сите натпревари и светски олимпијади секогаш го свртуваат вниманието на јавноста. Пред неколку месеци неговото семејство принципиелно ги одби сите донации од поединци и фирми, откако комисијата во ресорното министерство одби да му ја врачи наградата за државен првак по матетамика за средношколци, со образложение дека тој е ученик во деветолетка. Неговата мајка Никица Давкова вели дека Дамјан ја добива поддршката од институциите, она што по закон го следува.
Покрај наградата беа доделени и признанија на :
-Драган Ристов- исклучителен придонес за афирмирање на градот Штип како публицист и новинар( постхумно).
-Трајче Јованов- високи достигнувања во сферата на новинарството(постхумно).
– Горан Гаврилов- исклучителен придонес во развојот на информирањето како основач на Мрежата Канал 77 и општественик( постхумно).
– Друштво за Планинарски Спортови “ Лисец”- како едно од најуспешните спортски друштва во Штип.
– Кристина Ампева- исклучителен придонес во заштитата на правата на конфекциските работници, како раководител и активист на Гласен Текстилец.