Општина Штип ги изготвува новите решенија за данок на имот. Драган Каров од Општина Штип вели декa
решенијата ќе се изготват во предвидениот рок, до крајот на март.
Точна бројка колку решенија ќе се достават до домаќинствата засега нема, бидејќи во тек се известувањата од граѓаните дали го користат недвижниот имот или не.
– Кога службите ќе ги обработат ќе се пристапи кон изготвување на решенијата. Инаку, Општина Штип за 2021 година има16.500 обврзници за данок на имот за физички лица и 360 за правни лица, изјави Каров и посочи дека е намален процентот на наплатата на данок на имот во 2021 година.
Според општински служби, ова се должи на ковид пандемијата. Лани наплатата изнесувала 61 отсто.
Средствата кои општината ги добива преку овој данок ги користи за капитални инвестиции, односно за изградба на објекти, улици, тротоари, детски игралишта, како и за изведба на водоводна и канализациска мрежа.