петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Општина Штип продава градежни парцели

Општина Штип продава градежни парцели

Седум градежни парцели се на продажба, од кои три со намена домување во станбени згради, три за домување во станбени куќи и една за лесна и незагадувачка индустрија. Општина Штип ќе ги оттуѓи по пат на јавно наддавање.

Раководителот на Одделението за урбанизам во Општината, Лазар Хаџи Николов вели дека градежните парцели за домување во станбени згради и куќи се во населбите Баби и Дузлак, а нивните почетни цени се 61 денари односно 1.120 денари за метар квадратен.

-Имаме понудено преку овие две објави продажба на три градежни парцели со намена А2 или домување во станбени згради. Овие парцели се наоѓаат во населба Дузлак, истите се со површина околу 500 – 550 м2 за градба и површина на градежна парцела од 1000 – 1250 м2. Исто така, се нудат и градежни парцели со намена домување во индивидуални станбени куќи. Овие градежни парцели се нудат на две локации. Две од парцелите се наоѓаат во Баби 6, а една од градежните парцели е во населба Баби 4“, вели Хаџи Николов.

Парцелата за лесна и незагадувачка индустрија, пак, се наоѓа во населбата Плуждино и е со почетна цена од 61 денар за метар квадратен.

– Оваа парцела се наоѓа во м.в. Плуждино и со оваа градежна парцела е предвидена површина од 65.567 метри квадратни. Почетните цени за јавното наддавање за сите парцели се 61 денар, освен за оние со намена колективно домување, за кои почетната цена е 1120 денари за метар квадратен, изјави  Хаџи-Николов.

Двете објави може да се најдат на страницата на Општина Штип. Пријавите за едната објава може да се доставуваат заклучно со 29 март, а за другата заклучно со 4 април. Јавното наддавање за првата ќе се одржи на 31 март, а за другата на 6 април.