недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Општина Центар Жупа додели 500 илјади денари, а советниците ќе го донираат месечниот надоместок за настраданите во Турција

Општина Центар Жупа додели 500 илјади денари, а советниците ќе го донираат месечниот надоместок за настраданите во Турција

Советот на општина Центар Жупа, по предлог на градоначалникот Аријан Ибраим, денеска донесе едногласна одлука со која оваа општина, како прва помош за настраданите во Турција ќе издвои 500 илјади денари.

-Освен оваа прва помош, 11-те членови на Советот одлучија за настраданите да го доделат месечниот финансиски надоместок што го добиваат како членови на советот. Иако сме мала општина ќе продолжиме со помошта за настраданите подрачја. Сакаме да упатиме порака дека наша Турција не е сама. Седницата ја почнавме со молитва за покој на душата на настраданите и за брзо закрепнување на повредените. Нашите мисли и молитви се со нашите браќа, изјави за МИА претседателот на Советот Бирџан Селман.

Додаде дека во општина до 12 месецов трае седумдневната жалост а знамињата се спуштени на половина копје.

– Како и целиот свет и нас силно не погоди оваа трагедија. Од мое и од име членовите на советот изразувам длабоко сочувство за изгубените животи и посакувам брзо закрепнување на повредените. Се молиме вакви трагедии да не се повторат никаде на земјината топка, додаде Селман.

Оваа и општина Маврово и Ростуше имаат бројна дијаспора во Република Турција а во последниот период тие се збратимени со повеќе општини во оваа земја.

Општина Маврово и Ростуше на вчерашната попладневна вонредна седница одлучи да додели 500 илјади денари за настраданите подрачја од земјотресот. Во двете општини на неколку пункта се собира и хуманитарна помош.