недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Оштетени земјоделски површини од вчерашното невреме во прилепско

Оштетени земјоделски површини од вчерашното невреме во прилепско

Голема штета на земјоделските површини и култури нанесе вчерашното невреме во Прилеп и околината.

Како што известуваат од ЦУК, најмногу врнежи од град со големина на лешник имало во месноста „Заград“, с. Мажучиште како и во с. Мало Коњари.

Пријавените штети на насадите со тутун и пипер дополнително ќе се утврдуваат од комисијата за процена на штети во Министерството за земјоделие – Подрачното одделение во Прилеп, заедно со комисијата за утврдување на штети во општината.