Основниот суд Охрид во својата одлука да го казни играорецот Ѓерѓ Пренкоцај со 1.100 евра откри дека албанското знаме кое го поставил на Самоиловата тврдина било со ширина шест и должина осум метри, пренесува Алсат.
Пренкоцај вчера беше осуден на 1.100 евра парична казна и беше депортиран од Македонија без право за влез во Македонија од 5 години. Според Охридскиот суд, тој го нарушил јавниот ред и мир, бидејќи албанското знаме било поголемо на македонското..
Судот одлучувал по барање на полицијата, односно Секторот за внатрешни работи на Охрид, кои побарале потврда за прекршување за поставување на знамето.
„На 29.04.2019 година во 12:30 часот во Охрид, редот и јавниот мир биле нарушени со ставање на знамето на едната страна од тврдината, долго 6 метри и високо околу 8 метри, кое не содржи симболи на знамето на Република Северна Македонија“, се вели во одлуката на Основниот суд Охрид.
Обвинетиот сторил прекршок казниво според член 18 од Законот за прекршоци.