понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Основните училишта во Кавадарци ги добија прочистувачите на воздух, донација од фондацијата “Никола Јанчев”

Основните училишта во Кавадарци ги добија прочистувачите на воздух, донација од фондацијата “Никола Јанчев”

Основните училишта во Кавадарци ги добија прочистувачите на воздух, донација од фондацијата “Никола Јанчев”. Се работи за 120 апарати во вредност од 36 илјади евра. Тие ќе бидат сместени во шест училишта, во кои учат 3.500 ученици.

Градоначалникот на Кавадарци и основач на фондацијата која го носи името на неговиот покоен татко, Митко Јанчев појасни дека буџетот на фондацијата месечно се зголемува од градоначалничката плата и донации од семејната компанија на Јанчеви, “Кожувчанка”.

Заблагодарувајќи се на повеќе субјекти за соработката, тој се заблагодари и на советниците во градскиот Совет и политичките партии, за сплотеноста во Кавадарци која придонесува за подобар живот.

Директорката на Фондацијата, Јанинка Чупаркоска, рече дека целта им е хуманоста. Таа потсети дека претходно, фондацијата додели 36 стипендии за успешни ученици и студенти, во вредност од 10 илјади евра. Со вакви и слични иницијативи ќе продолжат и понатаму.