петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Отворен „Штип Сити Мол“ – граден е по европски стандарди и енергетски-ефикасен

Отворен „Штип Сити Мол“ – граден е по европски стандарди и енергетски-ефикасен

Со сечење лента денес е отворен „Штип Сити Мол“. Новиот трговски центар, единствен од ваков тип во Источна Македонија го привлече вниманието на Штип и источниот регионот.

-„Штип Сити Мол“ е прв и единствен трговски центар во Источна Македонија од ваков тип кој почна да се гради во 2020 година. Од тогаш, па се до денес тимот работеше за да го достигнеме она за што сме денес овде, големото отворање. Граден е по европски стандарди, енергетски – ефикасен и во градењето учествуваа најголем број на домашни компании, вели Давор Кузманов, менаџер на „Штип Сити Мол“.

Дека оваа инвестиција е една од најдобрите коишто му се случиле на Штип, согласен е и градоначалникот, Иван Јорданов. „Штип Сити Мол“ има потенцијал за вработување на 300-350 луѓе, а воедно и ќе влијае на генерирање на растот и развојот на град Штип.

-Можноста којашто му се нуди на Штип како административен центар е сите овие посетители коишто ќе доаѓаат. Нормално, ние како добри домаќини треба да се покажеме во најдобро светло, дефинитивно ова е една од најголемите домашни инвестиции коишто во поново време се случиле, рече Јорданов.

Менаџментот планира дополнителен развој на овој центар, па за во иднина се предвидени активности од типот на модни ревии, претстави, периодични акции.(МИА)