Градоначалникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев оствари средба со Метју Палмер, заменик помошник државен секретар во Стејт Департментот на САД за Европа и Евроазија и Н. Е. Амбасадорот Џес Бејли.
Ова е втора посета на Амбасадорот на САД во општина Кавадарци во изминатите неколку месеци, а прва посета на Метју Палмер политичар од највисок ранг што ја посетил општина Кавадарци.
Се разговараше за актуелните политички теми и за развојот на општина Кавадарци.