Делчевските советници на вонредна Седница ја усвоија одлуката со која Општина Делчево ќе додели парична помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
Советниците едногласно ја поддржаа Одлуката со која од Буџетот на Општината ќе се издвојат 120.000 денари, кои ќе се распределат по 60.000 денари на двете земји.
Седницата со единствена точка на дневен ред за поддршка на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија се одржа на иницијатива на градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, кој истакна дека средствата ќе се уплатат на солидарниот фонд на Црвениот крст на РСМ.