четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Парични казни за петмина во Велес

Парични казни за петмина во Велес

Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес денеска поднесе предлози за издавање на казнени налози за 5 лица кои за време на продолжениот викенд по повод Велигденските празници го прекршиле полицискиот час.

Обвинетите не ја почитувале Одлуката на Владата со која се забранува движење на населението на територијата на државата, а со цел спречување и сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот. Со тоа, сите обвинети во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството му предложи на Судот, на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно по вкупно 800 евра во денарска противвредност.