Градоначалникот на оштина Карбинци преку статус на Фејсбук пишува дека обезбедени се 1 милион денари за реконструкција на земјен пат во атарот на село Таринци.
„По реконструкцијата на неколку полски патишта во нашата општина продолжуваме понатаму, обезбедени се финансиски средства во висина од 1.000.000 денари од страна на АФПЗРР за реконструкција на земјен пат, тампонирање во атарот на село Таринци.
Со овој проект ќе го подобриме пристапот до земјоделските површини и околните фарми.
Постапката ќе започне за избор на изведувач а веднаш по изборот ќе се започне со реализација“, стои во неговиот пост на Фејсбук.