недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Паунов: Работиме на реконструкција и доградба на подрачното училиште во Таринци старо 5-6 децении, во вредност од 15 милиони евра

Паунов: Работиме на реконструкција и доградба на подрачното училиште во Таринци старо 5-6 децении, во вредност од 15 милиони евра

Денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сме на увид на градежните активности овде во село Таринци. Се работи за голем капитален проект кој што го работиме, а проектот е реконструкција и доградба на подрачното училиште овде во Таринци, истакна Виктор Паунов, градоначалник на општина Карбинци.

-Училиште кое што беше ветено од моја страна во програмата, но и проект кој што го бараа и жителите овдека како приоритет за решавање на долгогодишниот проблем кој што, старото училиште беше постаро од пет-шест децении и го памтиме како едно руинирано и со несоодветни услови.

Се работи за голем капитален проект кој што е со вредност од 15 милиони денари. Исклучително сум задоволен затоа што една мала општина како Карбинци успеа да започне и да реализира ваков голем капитален проект, кој што, пак ќе кажам, е од суштинско значење за населението овдека.

Така да, ние продолжуваме да работиме посветено, продолжуваме да реализираме капитални проекти на барање на жителите, се со цел да ги подобриме условите за живот, ад го подобриме квалитетот на животот на жителите од Општина Карбинци.

Само ќе споменам неколку детали во врска со актуелните активности. Паралелно со ова, работиме на неколку нови проекти. Се работи на изградба на еден нов резервоар за вода за пиење овде во село Таринци, кој што ќе опслужува повеќе населени места, поточно три населени места од општина Карбинци.

Паралелно со ова работиме на три спортски терени, односно на едно спортско игралиште и две помали детски игралишта, кој што се предмет на целосна реконструкција и обнова. Во изминатиов период реализиравме неколку нови улици во делот на патната инфраструктура, кој што за нас беа исто така, исклучително важни.

Во период кој што ќе следи ќе продолжиме да работиме посветено, не очекуваат многу проекти. Како што најавив и претходно, не очекува едно жешко лето кога е во прашање оваа градежна офанзива, додава Паунов.