вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Паунов: За мене е голема чест и одговорност кон граѓаните што сум избран за кандидат за градоначалник, ветувам заедно ќе ја поразиме оваа расипничка власт

Паунов: За мене е голема чест и одговорност кон граѓаните што сум избран за кандидат за градоначалник, ветувам заедно ќе ја поразиме оваа расипничка власт

– Со големо задоволство и огромна одговорност сакам да ве информирам дека, по подолга анализа, анкетирање и согласно статутот на ВМРО-ДПМНЕ сум избран за кандидат за градоначалник на општина Карбинци. Ова за мене е голема чест и уште поголема одговорност кон Вас граѓаните, стои во Фејсбук објавата на Виктор Паунов, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Карбинци.

– Се обврзувам за конкретна програма која ќе ја понудиме пред Вас, се обврзувам за лојалност кон секој жител и имам визија за нашата општина која ќе ја градиме заедно, модернизираме и ќе бидеме пример во регионот како треба да изгледа една уредена општина, општина која секој од нас ќе биде горд.
Ви ветувам дека заедно ќе ја поразиме оваа расипничка власт, ви тврдам дека ќе им дадеме црвен картон на овие транзициски вечни функционери од сдсм во Карбинци.
Карбинци се буди, Карбинци ќе Победи!!!, пишува тој.