Градоначалникот на општина Карбинци преку статус на Фејсбук пишува дека започнала реконструкцијата на една од главните улици во село Таринци.
-Денес започнуваме со реконструкција на една од главните улици во село Таринци.
Атмосверска канализација и тротоарско решение се дел од проектот.
Преку Бирото за регионален развој се обезбедени финансиски средства во висина од 6.169.000 денари по програмата за развој на селата.
Градежна офанзива ќе продолжи и понатаму. За подобри услови во нашата општина, стои во неговиот пост на Фејсбук.