сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Паунов: ЗЕЛС изгуби цела година во време на криза, без позитивни резултати заради игноратскиот однос и незаинтересираноста на Арсовска

Паунов: ЗЕЛС изгуби цела година во време на криза, без позитивни резултати заради игноратскиот однос и незаинтересираноста на Арсовска

ЗЕЛС изгуби цела година во време на криза, без позитивни резултати заради игноратскиот однос и незаинтересираноста на Арсовска, вели во интервју за Курир градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов.

Како општина Карбинци ја помина календарската 2022 година?

– Во Карбинци оваа година беше полна со предизвици, проекти, градежна офанзива во текот на целата година и многу реализирани и завршени проекти.

Кои проекти би ги издвоиле како најважни за годината што изминува?

– Општина Карбинци реализираше повеќе од 5км улици со асфлат, клучниот проблем со мостот кај село Долни Балван е саниран во помал период од 1 год. речното корито на Козјачка река во должина од 140м во село Карбинци и многу други важни проекти за нашата општина иако не зафати голема енергетска криза успејавме да го реализираме планираното.

Како Карбинци се справуваше со оваа енергетска криза?

– Знаете дека најголемиот предизвик во првата година од овој мандат е токму овој проблем за електричната енергија. Успејавме да ставиме под контрола со мерки кои ги воведовме заедно со општинската администрација. Но она што не успејавме како општини е токму преку ЗЕЛС каде што сум член на УО, по интензивни разговори и состаноци на УО резултатот е катастрофален. Претседателството на ЗЕЛС незаинтересирано цела година без воопшто да присуствуваат на поголем дел од седниците придонесе да општините сами доваѓаат до решенија.

Кои се предизвиците за во иднина во 2023 година?

– Многу проекти кои веќе ги имаме во програмата и буџетот. Клучно ќе биде училиштето во село Таринци како капитален проект, канализирањето на каналот во Долни Балван и многу улици кои ќе бидат во програмата за асфлатирање.

Вие сте и дел од Управниот одбор на ЗЕЛС, како ја оценувате работата на ЗЕЛС за изминатата 2022 година?

– ЗЕЛС практично ништо не реализираше. На чело со Арсовска општините не може да се надеваат на позитивни резултати на ЗЕЛС. Игнорантскиот однос и незаинтересираноста не доведе до изгубено време цела една година. ЗЕЛС бара заложби, и тврди ставови за борба која ја очекуваат општините.