четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Петар Рупески од Варош по петти пат го фати крстот во Охрид

Петар Рупески од Варош по петти пат го фати крстот во Охрид

30-годишниот Петар Рупески од Варош беше најсреќен меѓу неколкуте стотини верници кои денеска влегоа во студените води на Охридското Езеро, осветени на големиот христијански празник Богојавление – Водици, денот кога во реката Јордан Свети Јован Крстител го покрстил Исус Христос.

Рупески, годинава, светиот крст го фаќа по петти пат.

На чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро што го спроведоа великодостојници на Дебарско-кичевската епархија присуствуваа десеттина илјади луѓе, православни верници од Охрид и од други делови на Македонија, но и гости од странство, меѓу кои и делегации на збратимените градови на Охрид.