четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Петков: Предлозите на граѓаните ќе бидат вметнати во буџетот, општина Виница продолжува со решавање на клучните проблеми

Петков: Предлозите на граѓаните ќе бидат вметнати во буџетот, општина Виница продолжува со решавање на клучните проблеми

Ние како општина сме во фаза на планирање на буџетот за 2023 година и во таа насока овој викенд како и претходниот имаме отворени средби со граѓаните се со цел граѓаните да ги дадат своите предлози и идеи за да можеме да ги вметнеме во буџетот и да ги реализираме во наредната година, рече Миле Петков, градоначалник на Виница.

Еве што порача тој:

„Граѓаните го бараат она што им е најпотребно, водоводна и канализациона мрежа онаму каде што нема, улици и патишта.

Генерално тоа се главните проблеми со кои се соочуваат граѓаните и ние во нашата програма за 23-та година имаме предвидено изградба и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа во населените места, а исто така имаме и реконструкција и изградба на улици во градот Виница и во населените места.

Ние во текот на наредната година ќе продолжиме со реализација на проектите кои што се веќе започнати и имаме склучено договори за изградба и реконструкција на улици во вредност од 9 милиони денари кои што се во тек на градба, а исто така имаме склучено договори за поплочување на улици и тротоари во вредност од 4,5 милиони денари кој исто така е во тек.

Исто така ќе продолжиме со реализација проектите за кои што веќе имаме склучено договори, а тоа е изградба на локален пат Блатец-Детлово во должина од 3 километри. Потоа имаме реконструкција на сината сала во домот на културата, а исто така имаме и изградба на термо-изолациона фасада и изградба на лифт на општинската зграда.

Тоа се проекти кои што се обезбедени од домашни извори на финансирање со кофинансирање на општина Виница“.