Петнаесет камиони со вода, јоргани, перници и бебешка храна денеска тргнаа од Кавадарци кон погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес во Турција.
Станува збор за донација од компанијата Кожувчанка, фондацијата „Никола Јанчев“ и почесниот конзул на Турција во Битола, Ајдован Адемовски.
Градоначалникот Јанчев прати апел до сите граѓани и компании, секој во рамки на своите можности, да помогне за погодените во земјотресите.
„Ова е морална и материјална поддршка за повредените и настраданите во делот на земјотресите во Турција, за нашиот братски народ турски, за да се нормализира нивниот живот“, вели тој и додаде дека, Турција ни излегла во пресрет во многу наврати, а ние сме сведоци на тоа“.