петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Петнаесет камиони со помош за настраданите во земјотресот денеска тргнаа од Кавадарци за Турција

Петнаесет камиони со помош за настраданите во земјотресот денеска тргнаа од Кавадарци за Турција

Петнаесет камиони со вода, јоргани, перници и бебешка храна денеска тргнаа од Кавадарци кон погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес во Турција.

Станува збор за донација од компанијата Кожувчанка, фондацијата „Никола Јанчев“ и почесниот конзул на Турција во Битола, Ајдован Адемовски.

Градоначалникот Јанчев прати апел до сите граѓани и компании, секој во рамки на своите можности, да помогне за погодените во земјотресите.

„Ова е морална и материјална поддршка за повредените и настраданите во делот на земјотресите во Турција, за нашиот братски народ турски, за да се нормализира нивниот живот“, вели тој и додаде дека, Турција ни излегла во пресрет во многу наврати, а ние сме сведоци на тоа“.