недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

По две години пауза: За Прочка повторно се враќа „Прилепскиот карневал“

По две години пауза: За Прочка повторно се враќа „Прилепскиот карневал“

По 20-ти пат во Прилеп на 6-ти март ќе се одржи карневалот „Прочка 2022“ по двегодишна пауза заради паднемијата од ковид-19.

Првиот настан од карневалот е во петок кога од 12 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на маски и за најкреативните ќе бидат доделени награди. Главните активности за карневалот, беше посочено на прес-конференцијата, се во недела, а подготовките, како што велат од општина Прилеп се при крај.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески го потенцираше значењето на манифестацијата, која во овие услови ќе се внесе позитивна енергија и расположение, при тоа потсетувајќи дека ќе се спроведува според сите протоколи за заштита од Ковид-19.

Ванчо Георгиев од Здружението „Прилепски мечкари“ не го криеше своето задоволство што со карневалот ќе продолжи традицијата и очекува уште една успешна манифестација, при тоа напоменувајќи дека годинава Прилепските мечкари имаат нови маски за групата.

Воедно тој посочи дека маската „Прилепски мечкари“ е заштитетна како трајно духовно културно нематеријално наследство.

Ден по карневалот, в понеделник, е традиционалната дружба на прочкарите и вкусување на бел грав.