понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

По предлог на Константин Георгиески: Велгошти и Пештани нема да добијат фекална канализација, а Лескоец водоводни линии

По предлог на Константин Георгиески: Велгошти и Пештани нема да добијат фекална канализација, а Лескоец водоводни линии

Жителите на Велгошти и Пештани ќе почекаат за да добија фекална канализација, бидејќи по предлог на градоначалникот Константин Георгиески парите за оваа намена се скратија и се пренаменија за раздолжување на општина Охрид. Фекална канлизација нема да добијат ни жителите на булевар „Туристичка“ и улица „Јане Сандански“, објавува Охрид24.

По предлог на Георгиески се скратија и парите за атмосферска канализација за улицата „Егејска“, која се реконструира веќе четири месеци и нејасно е кога ќе заврши и дали воопшто ќе заврши.

Нема пари ни за водоводни линии во Лескоец, за појачување на водоводни мрежи, како и за изградба и реконструкција на резервоари за вода во руралните средини.

Со оваа паѓаат во вода предизборните ветувања дадени од градоначалникот Константин Георгиески и СДСМ. Граѓаните беа брутално изманипулирани со ветувања за „инвестициски бум“ и „подобар живот“.