петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Почина еден од најдобрите дресери на кучиња, велешанецот Ристе Гиовски

Почина еден од најдобрите дресери на кучиња, велешанецот Ристе Гиовски

На инфективното одделение на велешката болница, утринава на 54-годишна возраст почина велешанецот Ристе Гиовски, сопственик на стационарот за кучиња Гиовски тим.

-Гиовски се бореше со тешка болест, а пред десетина дена на својот фејсбук профил објави дека се заразил со Ковид-19 и дека е хоспитализиран во велешката болница. Од велешката болница за Батали.нет потврдија дека утрово на одделението за инфективни болести починал пациент од ковид-19, не откривајќи го идентитетот на починатиот, објави порталот Батали.нет.

Ристе Гиовски и беше познат не само на велешката, туку и на македонската јавност како еден од најдобрите дресери на кучиња.

Во својот стационар „Гиовски тим“, Ристе вдоми огромен број кучиња скитници. За Ристе дозна и светот, откако лани беше промовиран првиот македонски детски филм „Стела“, во кој една од главните ликови е шарпланинката Стела, а токму Гиовски беше нејзин дресер и пред и за време на снимањето на филмот.