Почнува изградбата на затворен базен во Кавадарци, инвестиција вредна педесетина милиони денари.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски денеска рече дека Кавадарци е еден од најспортските македонски градови. Тој се заблагодари на Владата за обезбедените средства за овој капитален проект.
Задоволство изрази и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
-После долго време, си останавме на зборот и ние како општина и Владата заедно со пратениците од Кавадарци и директорот на Агенцијата, на оваа прекрасна локација која претходно општината ја предвиди за јавна намена, рече градоначалникот, заблагодарувајќи се на Владата, пратениците од Кавадарци и на Мојсовски.
Кавадарци е еден од ретките примери, нагласи Јанчев, што покажува дека има добра соработка меѓу локалната и централната власт, во интерес на сите, а тој пример треба да го следат и другите.