На 24./25.09.2021 во периодот од 22.00 до 04.00 часот, полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.
Притоа, констатирани се 27 прекршоци, возачите биле исклучени од сообраќај и соодветно санкционирани. Откриени се и 27 други видови прекршоци.
На 24.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена и акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 20 возачи.
Од нив 13 управувале возило со брзина поголема од дозволената во населено место и седум надвор од населено место. На сите прекршители поднесени се соодветни поднесоци.