На покана на градоначалникот Жарко Ристески, денес во посета на Општина Македонски Брод пристигна полскиот амбасадор Војциех Тицињски. Целта на оваа посета е запознавање со новиот градоначалник и продлабочување на традиционалните пријателски односи на Општина Македонски Брод и Република Полска.
На средбата беше разговарано за продолжување и продлабочување на соработката на Полската амбасада со Општина Македонски Брод во насока на развој на културата и другите сфери на општественото живеење.
Меѓудругото оваа средба се искористи за разгледување на индустриската зона наменета за лесна и незагадувачка индустрија, на местото викано Барбарос, локација купена од полската фирма P.P.H.U. POLBLUME која го има отстапено правото на градење на инвеститорот ЕКОЦЕНТ МАКЕДОНИЈА – УВОЗ – ИЗВОЗ. На оваа средба се одбележа и почетокот на градбата на инвестицијата.
Со архитектонско урбанистичкиот проект на овој дел предвидено е да се изградат две производни хали и една административна (стопански комплекс за производство на муниција, оружје и балистичка опрема).