Нема поврдени во пожарот што доцна синоќа избувна во магацински простор во Кавадарци, за МИА денеска потврди Илчо Богевски, командир на кавадаречката Територијална противпожарна единица.
-Изгоре дел од магацинот, но спречивме пламените јазици да ги зафатат околните објекти. Ризикот за такво нешто беше голем, бидејќи во магацинот имаше дрва и буриња со лесно запалива течност, нафта, нагласи Богевски.
Противпожарната единица на лице место интервенирала со две возила и пет пожарникари.
Се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета.