четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Пожарникарите од Тетово не се откажуваат од своите барања, протести и денеска

Пожарникарите од Тетово не се откажуваат од своите барања, протести и денеска

Протестот на тетовските пожарникари продолжи и денеска. Тие бараат законско решение за регулирање на нивните права за дополнителна исплата за работа за време на викенди, празници и ноќна работа, како и да се склучи колективен договор со општина Тетово.

Пожарникарите велат дека во периодот помеѓу двата протеста, нивни колеги добиле закани да се откажат од протестот или ќе бидат отпуштени, пренесува Алсат.мк

Од општина Тетово велат дека Владата треба да биде вклучена во решавањето на овој проблем. Но, пожарникарите ги демантираат тврдењата на општина и велат дека ако општината не знае како да го реши проблемот, тие ќе и понудат помош за овој проблем да се реши преку закон.

Пожарникарите бараат дијалог со општината, или во спротивно, протестот ќе биде радикализиран и преместен пред вратите на општина Тетово.