сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Пожар во општина Василево: Опожарени 5 хектари, најголем дел лозов насад

Пожар во општина Василево: Опожарени 5 хектари, најголем дел лозов насад

Во општина Василево, на потегот меѓу населените места Ангелци, Градашорци и Едрениково, во месноста Врчви од пред неколку часови, има активен пожар. На лице место се припадниците на ТППЕ Струмица, кои работат на негово гасење и спречување на понатамошно ширење.

Според информацијата од терен, опжарени се околу 5 ха, главно лозов насад во приватна сопственост и сува трева и грмушки. Пожарот, „потпомогнат“ од моменталниот ветер има тенденција за ширење кон населеното место Седларци.

На лице место беше и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој изрази загриженост за состојбата и осуда за чинот на палење чии последици и обем допрва ќе се утврдуваат.