недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Пожари на повеќе локации во Битола – еве каде гори во моментов

Пожари на повеќе локации во Битола – еве каде гори во моментов

За само еден час и 30 минути, вечерва во Битола избувнаа пожари на неколку локации, објави Слободен печат

Според информациите од Битолската противпожарна единица, моментно во Битола пожари има на шест локации: кај “Тепсијата” во близина на населбата Баир, кај основното училиште “Климент Охридски” поточно кај трансформаторот, кај Француските и турските гробишта, а пожар е избувнат и кај Могила и Петилеп.

-На сите локации гори сува трева, но најкритична е ситуацијата кај “Тепсијата” бидејќи пожарот избувнал во близина на куќите. Сите противпожарни возила се упатени на местата каде што избувнаа пожари. Од Територијалната противпожарна единица од Битола се сомневаат дека некои од пожарите се подметнати. Оттаму велат дека нема опасност пожарите да се прошират и да ги загрозат куќите, пишува порталот.