Од ноќеска на полноќ на сила е предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Во Охрид покрај за претседател ќе се гласа и за избор на градоначалник, на вонредни избори распишани поради смртта на Јован Стојаноски, кој ненадејно почина во декември минатата година.
На единствениот избирачки список во Општина Охрид за избор на градоначалник се запишани 52.273 гласачи, а за претседател 52.193. Разликата е поради гласачите од дијаспората.
Во општина Охрид ќе се гласа на 88 избирачки места, а денеска своето право на глас ќе можат да го искористат 121 болно лице, едно лице во куќен притвор, 19 затвореници ќе гласаат за претседател на државата, а 7 за градоначалник, информира Општинска изборна комисија.