понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Превенција од топлотен бран во Кавадарци

Превенција од топлотен бран во Кавадарци

Превенција од топлотен бран, имаше за цел денешната акција во Кавадарци, информираа попладнево од кавадаречкиот Црвен крст.

– Денеска на градскиот зелен пазар во Кавадарци тројца волонтери на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци, во соработка со Полициска станица од општа надлежност на градот, поделија летоци со содржина, како против топлотниот бран. Оваа акција има за цел како да се однесуваме при топлото време и како да се заштитиме, односно да се носи светла и лесна облека, внесување на помало количество на храна, внесување на поголемо количество на течности, избегнувајте напорни физички активности и избегнувајте директна изложеност на сонце, појаснија од Црвен крст Кавадарци.

Оттаму нагласија дека и годинава, како и претходно, ќе се вклучат во вакви и слични превентивни активности, во интерес на сите луѓе.