Билјана Проеска, кандидат за градоначалник на Крушево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ рече дека гасификацијата на спортската сала во градот не е проект на актуелната локална власт, туку на Светската банка.
„Не е нивен проект, тие само го реализираа. Во овое 4 години немаат направено ниту еден проект. Кажете ми само еден проект. Вие само ги преземавте проектите од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Проеска која додаде дека е аплицирано за реконструкција на спортската сала.
Проеска укажа дека ниту во инфраструктурата ништо не е направено од општината.
„Летото почна со реконструкција на главната улица со два сантимитетри асфалт, но тие пари не се од општината, туку пд Државни патишта“, информира Проеска.
Таа информираше дека се реконструирани само неколку мали улици, а патиштата не се реконструирани.
„Нема ништо ниту од патот до Демир Хисар“, вели Проеска.
Според неа неработењето и корупцијата е причина младите да го напуштаат градот и државава генерално.