сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Проеска: Потребно е детална промена на урбанистичкиот план, бидејќи Крушево нема простори за формирање на туристички развојни зони и зони за развој на мали и средни бизнис

Проеска: Потребно е детална промена на урбанистичкиот план, бидејќи Крушево нема простори за формирање на туристички развојни зони и зони за развој на мали и средни бизнис

Треба да имаме промена, детална промена на урбанистичкиот план бидејќи ние немаме простори. Не се формирани простори за формирање на туристички развојни зони како и зони за развој на мали и средни бизнис, а тоа е многу битно да го имаме за да можеме понатаму во четири годишниот мандат да провлечеме инвеститори, а на тој начин да го решиме дел од невработеноста. Ќе ви кажам само еден податок според Агенцијата за вработување во 2016-та година има невработеност од 1.047, а 2021 година невработеност од 1.039“, нагласи Билјана Проеска, кандидат за градоначалник на општина Крушево од ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Студио 10“ на 24 телевизија.

Проеска додаде дека за пет години невработеноста е на исто ниво. А, во овој момент не може ниту да се најде работно место.

„Кога говориме за инфраструктура, прво ќе зборуваме за индустриските зони како основа за вработување на голем број од невработените граѓани, но за жал индустриската зона Опаленик која што е направена уште во времето на ВМРО-ДПМНЕ и во тој дел се направени и искористени се две парцели за една фабрика „Секе“ и фабрика „Фајв летерс“ која за жал денес е затворена. Во овие четири години не е отворена ниту една фабрика“, заклучи Проеска.

Проеска посочи дека откако СДСМ е локална власт Крушево нема ниту една нова инвестиција, а се има слободни парцели во индустриската зона.