четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Работни активности за зајакнување на капацитетите на општина Битола

Работни активности за зајакнување на капацитетите на општина Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со дел од општинската администрација, денес имаше работен состанок со претставници на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

Со денешниот состанок, започнуваат активностите со кои се очекува значителен напредок во повеќе области кои се во надлежност на локалната самоуправа.

Како дел од денешните активности, беше спроведена анализа на капацитетот на само-одржливост на општината, преку користење на алатка за самооценување на капацитетите на општинската администрација за управување: со планирање и прибирање на  општински извори на приходи, управување со јавните финансии, планирање и извршување на буџетот, фискалната транспарентност и отчетност и други.

На средбата, заеднички беа идентификувани потенцијалните области за поддршка, за што, ќе бидат изготвени сет од конкретни мерки со цел зголемување на ефикасноста на општината во областите каде е потребно подобрување на состојбите.