петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Расте бројот на заразен медицински персонал во струмичката болница

Расте бројот на заразен медицински персонал во струмичката болница

Состојбата со сместувачките капацитети за ковид-пациенти во струмичката болница се подобрува, откако беше објавено дека нема повеќе слободни кревети во оваа медицинска установа.

Според информациите од директорот на болницата, д-р Наќе Гогов, моментално на болничко лекување има 18 пациенти, а 45 се лекуваат со примање терапија во дневна болница. Во болницата во Струмица има 40 кревети за лекување на заболени од Ковид-19.

Според раководството на болницата загрижувачки е растот на заразен медицински персонал. Моментално тринаесет медицински сестри, двајца лекари и еден рентген техничар се позитивни на коронавирусот и се во изолација

-Тоа уште повеќе ни го отежнува и вкупното работење на болницата. Уште еднаш апелирам да ни дозволат да направиме прием на персонал, сестри и лекари, за да може да работиме, рече директорот Гогов.

Според вчерашните податоци во струмичкиот регион досега се регистрирани 1.244 случаи на ковид дијагностицирани од кои активни се 625.